Ердоган: Потребен е притисок на меѓународната заедница врз Израел

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган апелираше до меѓународната заедница да изврши поголем притисок врз Израел за да обезбеди доставување поголема хуманитарна помош во Појасот Газа, додавајќи дека Анкара ќе ја зголеми количината на хуманитарна помош што ќе ја испрати за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Loading...

Ердоган ги критикуваше западните земји дека го поддржуваат Израел, велејќи дека му дале можност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да изврши „дивјачки напади“ врз Појасот Газа поради нивниот „неодлучен став“, пренесува Ројтерс.

– Што и да направи израелското раководство, не може да ја сокрие реалноста дека е убиствена, сурова, криминална, лажлива и фашистичка влада – рече Ердоган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)

Тој посочи дека повиците на западните земји за смиреност се бесмислени, додека поддршката за Израел продолжува.

– Сите добро знаеме дека се додека продолжуваат нападите врз Газа и опсадата, количината на помошта не е доволна. Најитно е да се зголеми бројот на камиони кои минуваат низ преминот Рафа. Секако, неопходно е да се изврши притисок врз Израел во оваа смисла – рече турскиот претседател.

Минатата недела турската Црвена полумесечина ја испрати најголемата пратка помош во Газа до сега, испраќајќи брод со околу 3.000 тони храна, лекови и хуманитарни материјали.

Турција, која остро го критикуваше Израел поради неговата воена офанзива во Газа и ги поддржа чекорите за судење на израелското раководство за геноцид, постојано повикуваше на прекин на огнот и испрати повеќе од 40.000 тони хуманитарна помош преку Египет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седум Палестинци убиени, а 32 ранети во израелски бомбардирања