Ер Франс откажа речиси половина од летовите во петок

Сподели со своите пријатели

Ер Франс објави дека за петок откажува 55 отсто од летовите на кратки и средни дестинации и 10 отсто од летовите на долги релации поради штрајкот на француските контролори на летање.

Loading...

Дополнително, во последен момент се можни доцнења и откажувања на летови, се предупредува во соопштението и се додава дека патниците ќе бидат известени поединечно преку СМС и електронска пошта.

Ер Франс, кој ќе откаже околу 400 од 800 летови закажани за петок, ги повика патниците да ги одложат патувањата планирани за тој ден.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство ги повика авиокомпаниите да откажат половина од летовите во петок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Националниот сојуз на контролори на летови, кој бара зголемување на платите поради инфлацијата и ангажирање дополнителен персонал, свика штрајк во Франција и нејзините прекуокеански територии.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.