Емирот на Кувајт назначи нов премиер

Сподели со своите пријатели

Емирот на Кувајт, Мишал ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах вчера го назначи Ахмад Абдула ал-Ахмад ал-Сабах за премиер, објави кувајтската државна новинска агенција КУНА.

Loading...

Поранешниот премиер Шеик Мохамед Сабах ел Салем ел Сабах поднесе оставка во април само неколку месеци откако беше назначен да формира влада, објави Ројтерс.

Неговата оставка беше процедурален потег откако истиот месец беше избран нов парламент, четврти од декември 2020 година.

Кувајт, кој забранува политички партии, има еден од најотворените политички системи во Персискиот Залив, иако емирот го има последниот збор за државните прашања