Висока е 22 метри, а ја красат неверојатни 518.000 светилки. Елката на Дејвид Ричер благодарение на така големиот број светлечки украси влезе во Гинисовата книга на рекорди.
За оборување на овој рекорд во украсувањето на елката се пгорижил адвокатот од австралискиот град Канбера, Дејвид Ричард, кој дровото го украсил со помош на волонтери.
Ричардс секоја гдоина се труди да направи небични празнични креации за да собере средства за хуманитарната организација која се бори против синдром на изненадна смрт на новороденчиња.
Елката била готова за месец дена, украсувана во неколку етапи, а на неа има поставено 518.838 ЛЕД светилки.
Претходниот рекорд го држела Јапонија каде дрвото било декорирано со далу помалку светилки – „само“ 374.280.