Експлозија во пакистански воен комплекс, повредени четири лица

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени во експлозија што се случи утрово во воен комплекс во Лахор, главниот град на пакистанската покраина Пенџаб, изјавија официјални извори за кинеската новинска агенција Синхуа.

Loading...

Експлозијата е регистрирана околу 6:55 часот по локално време во објектот за воздушна одбрана „4 Air Defense (AD)“, кој се наоѓа во населбата Гулберг III, позната и како Волтон Лахор, во непосредна близина на Командата на Морнаричкиот воен колеџ.

Воените и поморските власти веднаш го блокираа местото, додека полицијата и другите безбедносни агенции обезбедија поширока област околу комплексот.

Според првичните информации, инцидентот се третира како можен напад со ракета или дрон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноќна размена на оган во Кашмир: Индија тврди дека уништила терористички кампови

Засега нема официјална потврда за причината за експлозијата, а истрагата е во тек.