Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на пазар во близина на главниот град на Доминиканската Република.
Loading...
Силна експлозија проследена со пожар се случила во пекарница во градот Сан Кристобал, кој се наоѓа западно од Санто Доминго, соопштија властите.
По експлозијата се издигна густ црн чад, кој остави јагленисани автомобили и урна згради во областа.
Причината за експлозијата се уште не е позната.
Во областа позната како Стариот пазар, загинаа едно четиримесечно бебе и двајца возрасни, при што изгореа 90 отсто од нивните тела.
Се очекува да се зголеми бројот на жртви бидејќи пожарникарите не успеале да влезат во сите згради.
Loading...