Во подрумските простории од влезот на зграда на улицата „Васил Драгомански“ вчера околу 18:30 настанала експлозија на електричните броила при што дојде до прекин на електричната енергија во централното градско подрачје и околината, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Откако го слушнале звукот на екплозијата станарите излегле во ходникот при што забележале чад и мирис на запалена пластика. Веднаш реагирале до надлежните органи, при што екипа на ЕВН Македонија го исклчучила електричното напојување, а припадниците на Теријторијалната противпожанрка единица – Куманово го локализирала пожарот.
Во целата хаварија нема повредени лица, а материјалната штета допрва ќе биде утврдена.