Ексцентричен милијардер ни покажа како ќе изгледа сообраќајот на иднината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Боринг компани“ објави видео во кое „Тесла“ јури низ еден од неговите брзи тунели, на „електрични лизгалки“.

На снимката не се откриени многу детали, а едниствениот натпис на снимката гласи „Зелено светло до Малибу“. Во позадина се слуша глас кој одборјува пред авомобилот да даде гас. Како што пишува Дејли мејл, „чудните направи“ кои се закачени за тркалата од возилот X SUV му овозможуваат безбедно да зуи по системот тунели.

Loading...

Не е јасно каде е направено видеото. „Боринг компани“ во мај најави дека тунелот во Лос Анџелес наскоро ќе биде завршен, па се претпсотавува дека токму тоа е локацијата, пишува Дејли мејл.

Видеото е објавено набргу откако компанијата, која ја финансира основачот на „Тесла“ Илон Маск, најави дека е избрана за изградбата на футиристичкиот подземен транспортен систем, кој ќе ги превезува патниците од Чикаго до меѓународниот аеродром „О’Хара“.

https://www.instagram.com/p/BinoVT6Acpd/?utm_source=ig_embed

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Патот низ тунелот анводно ќе трае само неколку минути, благодарение на новите „електрични лизгалки“. Секое возило ќе превезува осум до 16 луѓе, со брзина од 200 до 240 километри на час. Сепак, не е објавено колку долго ќе трае изградбата и колку сето тоа ќе чини.

– Ниту нашиот градоначалник, ниту Илон Маск, не се трпеливи луѓе, па очекува преговорите и зградбата да започнат што поскоро, рекол заменикот на градоначалникот Роберт Ривкин.

https://twitter.com/highsnobiety/status/1008642484845637632

Како компанијата кратко опишала за овие специјални лизгалки, се работи за возила за јавен превоз кои се изградени на модифицирана шасија од Модел Х. Тунелите се градат во Лос Анџелес и Хавторн, додека уште една рута ќе ги пворзува Вашингтон и балтимор, а можно е истата да биде проширена и до Њујорк.

Leave a Reply