ЕКОВАС им предлага на пучистите во Нигер да се состанат на неутрално место

Сподели со своите пријатели

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) им предложи на пучистите во Нигер да се состанат на неутрално место, изјави комесарот за политички прашања на ЕКОВАС Абдел Фату Мусах.

Loading...

„Им предложивме на водачите на воениот совет на Нигер да се сретнат со нас на неутрален терен“, изјави тој за Ал Џезира, пренесе Тасс.

Тој додаде дека ЕКОВАС побарала од бунтовниците да го ослободат соборениот претседател Мохамед Базум, што според него ќе биде гест на добра волја.

„Не брзаме да одлучиме за воена опција за решавање на кризата во Нигер. Не видовме конкретни чекори од армијата и нема да ги чекаме до недоглед“, рече Муса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е човекот кој уби туристка во Будимпешта, деловите од телото ги сокрил во куфер

Кон крајот на јули, група воени бунтовници во Нигер го соборија Мохамед Базум и го основаа Националниот совет за заштита на татковината, на чело со генералот Абдулрахман Тијани.

ECOWAS го суспендираше членството на Нигер и воведе остри санкции кон земјата, по што лидерите на организацијата се заканија со воена интервенција доколку пучистите не се повлечат.