Ракометарките на Куманово денеска заминаа за Швајцарија каде викендов треба да одиграат два натпревари во рамките на ЕХФ Купот.
Loading...
Некогашниот двоен шампион на Македонија, ЖРК Куманово утре со почеток во 16:00 часот го игра натпреварот против швајцарскиот ХВ Херзонгенбусцхе, а реваншот во исто време во недела.
Како што додаваат од клубот, атмосферата кај ракометарките е одлична и очекуваат да дадат се од себе за да победат.
Инаку, двата натпревари трета година по ред кумановки ги играат во странство, иако еден треба да се одигра и во Куманово.
Но, поради реновирање на спортската сала за такви натпревари нема услови.
Никола Ивановски