Егзекутиран оозлогласениот сириски полковник, кој хранел лавови со тела на затворениците

Сподели со своите пријатели

Еден од најозлогласените војници на сириската армија, Талал Дакак, познат по тоа што го хранел својот лав со телата на затворениците, наводно бил јавно егзекутиран од локалните бунтовници.

Loading...

Дакак, припадник на елитната 25-та дивизија на сириската армија, позната и како „Сили на тигарот“, е убиен во западниот сириски град Хама, јавуваат локалните медиуми.

Снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат подготовки за неговата егзекуција, иако официјална потврда за неговата смрт допрва треба да дојде.

Планот на бунтовниците бил егзекуцијата да ја извршат пред насобраната толпа, симболично казнувајќи ги високите функционери на сириската армија.

Дакак, познат и како Абу Сахр, имаше репутација на суров воен водач и моќен бизнисмен во Хама.

Во минатото тој водеше полициски сили од 1.500 војници во рамките на Воздухопловната разузнавачка служба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е следно за Сирија? Три можни сценарија!

Според извештајот за 2019 година објавен во The Syrian Observer, пишува DailyMail, Дакак украл младенче лав од зоолошка градина и го хранел со телата на своите заробеници.

Уште позлобен детал е наводното снимање и споделување на видео од лав кој напаѓа жив коњ.

Loading...

Покрај овие злосторства, Дакак беше обвинет за голем број други грозоморни злосторства, вклучувајќи киднапирање, убиства, трговија со органи, шверц на возила и трговија со дрога.

Овој поранешен таксист стана еден од најпознатите лидери во сириската армија, но и симбол на корупцијата и суровоста на режимот на Башар ал Асад.

По падот на долгогодишниот режим, бунтовниците заробија неколку високи воени функционери, вклучително и Дакак, додека Сирија се наоѓа на пресвртница по години брутална граѓанска војна.

 

 

Бунтовничките сили, предводени од сунитската исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), ја завршија молскавична офанзива овој викенд со заземање на главниот град Дамаск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новите сириски власти ветуваат толеранција и соработка со светот

Со ова заврши речиси петдецениското владеење на семејството Ал Асад, а сирискиот претседател побегна во Русија за да ја избегне смртта.

Loading...

ХТС, организација со корени во Ал Каеда, се обидува да се позиционира како поумерена националистичка организација.

Нејзиниот лидер, Абу Мохамед ал Џолани, ветува дека ќе работи на создавање толерантна и цивилизирана држава, во која сите верски и етнички групи ќе можат да живеат во мир.

Сепак, аналитичарите предупредуваат на сериозни предизвици кои претстојат. Иако падот на режимот на Ал Асад нуди надеж за помирна и попросперитетна иднина, ривалствата меѓу различните бунтовнички фракции се закануваат дополнително да се дестабилизираат.

Во исто време, регионалните сили како Турција, Русија, Иран, Израел и САД се обидуваат да ги заштитат своите интереси, додека Европската унија е загрижена за можното враќање на секташкото насилство и појавата на екстремистички групи како ИСИС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Курди: Принудени сме да ги прекинеме операциите против ИСИЛ

ИСИС, иако територијално беше поразена во 2019 година, продолжува да извршува смртоносни напади во регионот, а последните извештаи говорат за егзекуција на 54 сириски војници во Хомс, кои се обидувале да побегнат пред офанзивата на бунтовниците.

Новиот шеф на европската надворешна политика, Каја Калас, рече дека падот на Башар ал Асад е голем удар за рускиот режим и Иран, додека новоименуваниот привремен премиер на Сирија, Мохамед ал Башир, ја презема одговорноста за стабилизација земјата со поддршка на бунтовниците.

Сепак, Сирија има долг и тежок пат до реконструкција и помирување, додека цивилите продолжуваат да го носат најголемиот дел од конфликтот.