Егеде: Гренланд е отворен за поблиски врски со Америка во области како што е рударството

Сподели со своите пријатели

Гренландскиот премиер Муте Егеде изјави дека данската автономна територија е отворена за поблиски врски со Америка, во области како што се рударството, објави гренландската телевизија KNR.

Loading...

„Треба да правиме бизнис со Америка. Почнавме да се впуштаме во дијалог и да бараме можности за соработка со (новоизбраниот претседател на САД, Доналд) Трамп“, рече Егеде на прес-конференција во Гренланд, пренесе Гардијан.

Тој додаде дека територијата ја држи „вратата отворена кога станува збор за рударството“.

„Така ќе биде во наредните години. Мораме да тргуваме со Америка“, рече тој.

Егеде, сепак, не даде никакви индикации дека островот е отворен за преземање од страна на Американците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џек Смит: Трамп ќе беше осуден доколку не беше избран за претседател

Трамп, кој ја презема должноста на 20 јануари, предизвика бурни реакции минатата недела кога одби да ја исклучи воената интервенција за ставање на Панамскиот канал и Гренланд под контрола на САД.

Новоизбраниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс, во интервју за Фокс њуз за време на викендот, рече дека САД веќе имаат „војски на Гренланд“, во воена база на северозапад.

Покрај стратешката локација, Гренланд, кој бара независност од Данска, има огромни резерви на минерали и нафта, иако истражувањето на нафта и ураниум е забрането, пишува весникот.

Loading...

Трамп тврдеше дека сакал да го купи Гренланд во 2019 година за време на неговиот прв претседателски мандат, понуда што Гренланд и Данска веднаш ја одбија, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Русија побара итни консултации со Србија за санкциите за НИС