Така наречената бела бучава може да му одговара на човековото уво, а посебно на чувствителното детско уво, на пример кога бебето плаче поради грчеви, нешто што го исплашило или раздразнило пред спиење.
Белата бучава е појава која означува мешавина од звуци, одредени фрекфенции и повторувата и тоа во распон од фрекфенција од 20 до 20.000 херци.
Името го добила поради шитокиот спектар на разни звуци, како што белата дневна светлина има спектар од различни бои. Произведувачи на оваа бучава се многу апарти за домаќинство, но и звуци од природата.
Loading...
Од домашните апарати прозиведувачи на белата бучава се правосмукалката, вентилатор, фен за коса, машина за перење, машина за садови, разни радио апарати, шуштење на радио фрекфенција која не е зафатена, а што се однесува до природните звуци тука се шум од бранови, паѓање дожд, звукот од птиците, шуштењето на листовите, жуборот на вода, водопад или поток.
Произведувач на белиот звук е и морот на автомобил, кој може да го произведат и луѓето, односно звук на шуштење низ забите кога сакате некого да го втишате или да го смирите бебето.
Постојат и генератори, односно машини за бела бучава, која се прави поради производство на таа бучава и тераписките цели, за регулација на пореметување на сонот, маскирање на чувството на зуењо во ушите, ослободување од стрес, а вакви снимки можат да се најдат и на интернет.
https://www.youtube.com/watch?v=jwGfwbsF4c4
Белата бучава посебно може да ги смири бебињата, затоа што тие звуци потсетуваат на звуци кои едно бебе ги слушнало во мајчиниот стомак, а кој пред се потсетува на звуци на циркулација на крв низ крвните садови, но и звуци кои допирале од надворешната средина.
Белата бучава ги маскира сите секојдневни звуци кои можат да ги вознемират бебињата и на тој начин им помага да се опуштат, да го намалат стресот кај повозрасните предизвикат со замор и воздбуда.
По првиот роденден, постепено може да се исклучива белата бучава како помагач за сонот на бебето, а ако истото продолжи да се буди треба да се продолжи и со бучавата. Но, за да истата го има целосниот ефект потребно е да трае во целиот период додека бебето спие, бидејќи доколку се прекине бебето може лесно да се разбуди.