Еден од приведените во Куманово ја негира изјавата на Јанкуловска

Сподели со своите пријатели

Има многу контрадикторности меѓу информациите на министерката за внатрешни работи Јанкуловска и сведочењето на еден од уапсените во синоќешната акција во Куманово, јавува АЛСАТ М.

Loading...

Според АЛСАТ, Министерката за внатрешни работи соопштила дека во вчерашната акција во Куманово се приведени две лица во чиј дом се пронајдени 800 грама ТНТ експлозив, негирајќи го апсењето на третото лице, инспекторот во СВР Куманово. Еден од уапсените, кој беше ослободен во текот на денот, Шефки Реџепи, за АЛСАТ изјавил дека вчера биле уапсени тројцате браќа, од кои еден полициски инспектор.

Реџепи за АЛСАТ изјавил и дека цело време биле испрашувани за инцидентот во Гошинце и ОНА .

“Поголемиот разговор беше за 2001 година, кој е овој, кој е тој. Ми го земаа компјутерот, ЦД-иња, документацијата. Прашуваат за случајот Гошинце. Им реков не ме интересира мене таа работа, ние работиме за плата. Брат ми е се уште внатре, тој е инвалид од три војни. И тројцата сме биле. Помалиот брат работи во полиција, него го ослободија вчера само изјава му земаа, мене денес ме ослободија”, вели Шефки Реџепи, еден од уапсените, пренесува АЛСАТ.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *