Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА – Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија) денеска испрати известување до авиокомпаниите во кое ги советува да бидат „внимателни во воздушниот простор на Израел и Иран“.
Во него се наведува дека EASA и Европската комисија „ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата за да го проценат потенцијалниот ризик за операторите на авиони на ЕУ и ќе бидат подготвени да дејствуваат како што налагаат околностите“, пренесува Ројтерс.
Претходните совети во врска со Израел вклучуваат претпазливост во израелскиот воздушен простор и 185 километри подалеку од него, како и претпазливост во околината на Техеран бидејќи „постои зголемен потенцијал за погрешно проценување и/или погрешна идентификација“.
ЕАСА исто така соопшти дека воздушниот простор на сите земји погодени од иранскиот напад врз Израел на 13 април (Израел, Либан, Јордан, Ирак и Иран) е затворен и дека „нема ризик од прелет за цивилната авијација“.
Иран во текот на ноќта изврши напад со беспилотни летала и балистички и крстосувачки ракети врз Израел како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.