Џорџа Мелони раскина со партнерот по неговите сексистички коментари

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека се разделила од нејзиниот партнер, телевизискиот новинар Андреа Џамбрун, кој наиде на критики во последните недели поради сексистички коментари во етер.

Loading...

Мојата врска со Андреа Џамбрун, која траеше речиси 10 години, завршува тука“, напиша Мелони на Фејсбук.

„Нашите патишта се разделија веќе некое време и време е да го признаеме тоа“, додаде таа.

Двојката има ќерка родена во 2016 година.

Џамбруно е водител на информативна програма емитувана од Mediaset, дел од медиумската група MFE во сопственост на наследниците на починатиот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на премиерката Мелони.