Џамискиот одбор во Татар Синан бегова џамија во Куманово, од денес со одлука на ИВЗ, ги затвора просториите за престој на мигранти од Блискиот Исток.
[huge_it_gallery id=”85″]
Причина за затворање на просториите како што велат од одборот е чествувањето на светиот месец Рамазан, односно, во услови на голем бран на бегалци, џамијата е немоќна да стори нешто повеќе за овие луѓе.
Во текот на една недела, џамијата пречека и вдоми над 3000 мигранти, деца, жени и средновечни мажи кои во услови на нелегален статус во Македонија, засолниште побараа во просториите на џамијата.
Одборот на џамијата денес повика на одговорност од страна на надлежните хуманитарни организации и државата.
Со затворањето на џамијата за престој на мигранти, се отвара нов проблем, велат познавачите на приликите, со оглед на фактот што на граничниот премин Табановце засега нема адекватни шатори и засолништа за бранот бегалци, земајќи во предвид дека српската полиција врши засилени контроли на граничниот појас и не дозволува 24 – часовен влез.