Две малолетни лица од Авганистан во текот на вчерашниот ден биле испратени во Визбегово откако побарале признавање право на азил во Република Македонија, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
Истите со возила на Црвениот Крст и во придружба на правник и социјален работник од Центарот за социјални работи од Куманово биле префрлени во Центарот за баратели на азил.
Во текот на вчерашниот ден исто така од страна на Центарот за социјални работи на малолетник бегалец кој патувал без придружба, поради заштита да не стане жртва на трговија или жртва на насилство назначен му е старател, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.