Двајца тинејџери убиени во Чикаго додека излегувале од училиштето

Сподели со своите пријатели

Двајца тинејџери во Чикаго им подлегнале на повредите откако биле застрелани додека излегувале од училиште, соопштија властите.

Loading...

Момчињата, на возраст од 16 и 17, биле меѓу групата ученици кои ја напуштале зградата на експерименталната гимназија во петокот околу 12:25 часот по локално време кога биле убиени, соопшти полицијата во Чикаго.

Маскирани осомничени напаѓачи излегле од две возила и пукале во група ученици, соопшти полицијата, пренесува АП, пренесува Танјуг.

Момчињата починале во болница.

Засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент, наведува американската агенција.