Двајца приведени по тепачка во Драгоманце

Сподели со своите пријатели

Две лица од кумановското село Тромеѓа биле приведени вчера откако во Драгомнаце физички нападнале мештанин на Добрача.

Loading...

– На 14.08.2024 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Д.(49) и С.С.(29) од село Тромеѓа, кумановско, затоа што во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, со тврд предмет го нападнале М.С.(37) од село Добрача, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Скоро цела седмица дожд

Никола Ивановски