Двајца мртви, пет повредени во украински напади врз Крим и јужна Русија

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека едно лице е убиено на полуостровот, а четворица се повредени, вклучувајќи две деца.

Паѓањето остатоци од дрон предизвика пожар во куќата на тригодишно момче во градот Воронеж, при што тој почина, изјави регионалниот гувернер Александар Гусев.

19-годишникот претрпел полесни повреди во нападот, во кој е оштетен покривот на магацинот на онлајн продавницата и друга зграда.

Гувернерот на Уљановската област, источно од Москва, изјави дека украинските беспилотни летала нападнале енергетски објект, кој се запалил.

Руското Министерство за одбрана објави дека нивните единици за воздушна одбрана собориле 223 украински беспилотни летала во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првата средба меѓу Лавров и Рубио за една година траеше 35 минути