Доцна вчеравечер околу 22:45 часот двајца Албанци со фалсификувани документации биле приведени на граничниот премин Табановце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за Б.Е. (28) и К.П. (22) и двајцата носители на албански патни исправи. При извршена пасошка контрола констатирано било дека двете исправи се фалсификувани, поради што лицата се приведени и предадени на Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.