Дваесет и четири години од смртта на војникот Сашко Гешовски

Сподели со своите пријатели

Денеска се навршуваат  24 години откако на 6 мај 1991 година, во Сплит, Република Хрватска загина 19-годишниот кавадарчанец, војник во тогашната ЈНА,  Сашко Гешовски, кој беше првата жртва што го означи распадот на Југославија.

Loading...

И после 24 години, се’ уште не се знае  вистинската причина за смртта. Под превезот „строго доверлива воена тајна“, ова убиство остана мистерија.

Денеска неговото вечно почивалиште го посетија претставници на неговото семејство, претставници на Сојузот на борци Кавадарци и припадници на АРМ од армискиот полигон Криволак. Беше положено цвеќе и оддадена почит на загинатиот, јавува порталот ТЕРА.

Гешовски на отслужување на воениот рок заминал на 17 септември 1990 година во воената полиција во Сплит. Имал само уште четири месеци до крај, но на 6 мај 1991 година гине поради прострелни рани.

Тоа утро бил на должност стражар во командата на Военопоморската област во Сплит. Таму протестираа над 30 илјади демонстранти, по што имаше безредија и престрелки. Еден од куршумите беше фатален за кавадарчанецот. До денес остана непознато од чии раце беше истрелан куршумот што го усмрти.

 

Leave a Reply