Два руски дрона експлодираа на молдавска почва

Сподели со своите пријатели

Молдавската претседателка Маја Санду денеска изјави дека два руски дрона влегле во воздушниот простор на Молдавија и експлодирале на нејзина почва, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Беспилотните летала „Шахед“ го нарушија нашиот воздушен простор, два експлодираа на наша почва, ставајќи ги во опасност животите на Молдавија“, напиша таа на мрежата Х.

Во меѓувреме, тоа го соопшти и романското Министерство за одбрана.

Романија во средата вечерта исфрли четири борбени авиони, откако неколку руски беспилотни летала извршија напади на украинска територија во близина на југоисточната романска граница, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските берзи на рекордно ниво по разговорите Трамп - Путин