Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение се пожали дека наводно Албанците во Македонија биле оставени на милост и немилост.
Ваквата реакција на ДУИ, следува, откако утринава биле запалени деловен објект и автомобили поврзани со функционери од партијата.
Ја повикаа меѓународната заедница на итна интервенција.
Нивното соопштение ви го пренесуваме интегрално:
„Тешките настани што се случија синоќа во Куманово, каде што неколку автомобили и една продавница на Албанци беа запалени, претставуваат горчлив доказ за духот на омраза и меѓуетнички поделби. Ова веќе не е само неодговорност или неуспех – ова е опасна криза која се влошува секој ден, се вели во соопштението на ДУИ кое од партијата го испратија како „вонредно“
„Кога институциите не можат да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани и кога молчат пред ваквите дела на омраза, пораката што се испраќа е јасна: Албанците во оваа земја се оставени на милост и немилост на судбината. Овој пристап не е само дискриминаторски, туку и длабоко дестабилизирачки за целото општество.
Демократската унија за интеграција повикува на итна интервенција од меѓународната заедница. Само меѓународен притисок може да ја запре оваа опасна спирала на насилство и омраза, која ја загрозува мирот и стабилноста во земјата.
Бараме овие напади веднаш да се истражат и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Секој ден одложување е покана за оние што шират омраза да продолжат со своите срамни дела. Албанците нема повеќе да молчат пред оваа неправда, и ќе ги искористат сите демократски средства за да ги заштитат правата и достоинството на своите граѓани.
Демократската унија за интеграција ќе продолжи да биде гласот на Албанците и заштитник на мирот и стабилноста во оваа земја. Но, очигледно, оваа борба за правда и еднаквост не може да продолжи сама. Меѓународната заедница мора да реагира сега, пред оваа омраза да добие уште поопасни димензии.“ – велат од ДУИ