Државното првенство за основни училишта во склоп на “Малите олимписки игри” кое се одржа денес на атлетските терени на Арената Филип Втори во Скопје, настапија екипи од многу училишта од повеќе градови од Македонија.
Loading...
Во машка штафета, освојувачи на првите 3 места беа екипите од Куманово, Василево и Тетово. Победник во штафетата беше Основното училиште Кочо Рацин од Куманово.
Во женска конкуренција победник беше штафетниот тим од Скопје, второто место им припадна на екипата од Кратово и како третопласирана заврши штефетата од Василево,Струмица.
Извор: Атлетика.мк