Државјани на Авганистан криумчареле мигранти низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца државјани на Авганистан се осомничени дека организирале шверц на мигранти од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата Коска од Атина до Куманово. Добија и 30 дена притвор.

Loading...

– На 12.04.2022 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север, а во координација со ОЈО за ГОКК, реализираше случај на криумчарење мигранти, извршено од страна на двајца илегални мигранти, информриаат од Министерството за внатрешни работи.

Со цел стекнување на противправна имотна корист, во временскиот период од 10 до 12 април 2022 година, двајца мигранти од Авганистан, М.Б.(27) и Ф.Х.(30), со умисла и од користољубие, во улога на водичи, прифатиле и нелегално пренеле тројца мигранти од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата Коска од Атина, Р.Грција до Куманово, со цел нивно прифаќање и времено засолнување на подрачјето на Куманово (атар на селата Лојане и Ваксинце), а оттаму нивно пренесување преку македонско-српската граница до државите на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

Кривично пријавените лица, по претходен договор за сума од 800 до 1.000 евра по лице, ги прифатиле илегалните мигранти на претходно утврдени и договорени локации во Атина и организирале нивно префрлување со возило до локација во близина на грчко-македонската гранична линија, по што пеш нелегално преминале на територијата на нашата држава и ги одвеле до кумановскиот регион, за нивно понатамошно пренесување во Р.Србија.

На 13.04.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против М.Б и Ф.Х., двајцата од Авганистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Од страна на Судија на претходна постапка, на двете кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Никола Ивановски