Државен удар во Габон, војската ги затвори границите

Сподели со своите пријатели

Група високи воени офицери во Габон утринава преку националната телевизија објавија дека армијата ја презела власта, откако изборното тело на земјата објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат.

Loading...

Полицајците рекоа дека зборуваат во име на сите безбедносни и одбранбени сили во централноафриканската држава, пренесува Ројтерс.

Најавија дека резултатите од изборите се поништени, сите граници се затворени до дополнително известување и распуштени се државните институции.

Во главниот град Либревил можеше да се слушнат силни пукотници, изјави репортер на Ројтерс по телевизиското обраќање.

„Во име на народот на Габон, решивме да го браниме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, рекоа офицерите.

Во земјата е воведен полициски час, а блокиран е и интернет пристапот.

Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите, за кои опозицијата тврдеше дека биле лажни.

Неговото отстранување од власт би значело крај на владеењето на неговото семејство кое е на власт 53 години, пренесува Танјуг.

Loading...