Државен секретар во Германија поднесе оставка поради обвинувања дека го вработил својот кум

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар во германското Министерство за економија Патрик Грајхен поднесе оставка поради критиките дека го вработил својот кум на важна функција, јавуваат германските медиуми.

Loading...

Како што објавија неделникот „Шпигел“ и новинската агенција ДПА, Патрик Грајхен поднесе оставка поради новите детали околу скандалот со вработувањето во Министерството за економија, кое го предводи вицеканцеларот и претставник на Партијата на зелените Роберт Хабек.

Грајхен го предложи Михаел Шефер, политичар од берлинскиот огранок на партијата Зелени, за директор на Државната агенција за енергетика (Дена).

Тој не спомна дека Шефер му е кум.

Откако медиумите пишуваа за врската на Грајхен и Шефер, објавен е нов конкурс за директорска позиција.

Грајхен е обвинет и за поврзаност со Институтот за животна средина, кој редовно добивал наредби од министерството за скапи вештачења.

Сестрата и братот на Грајхен се вработени во Еколошкиот институт. И сестрата на Грајхен е мажена за друг државен секретар во Министерството за економија.

Опозицијата и делови од медиумите со недели го напаѓаат министерот Хабек поради неговото инсистирање Грајхен да остане државен секретар и покрај непотизмот.

Loading...

Од Министерството за економија засега не се изјаснија за овој случај, но министерот Хабек најави изјава.