Дрон со детонатор предизвика паника на аеродромот во Лајпциг

Сподели со своите пријатели

Безбедносна тревога беше прогласена ноќеска на аеродромот Лајпциг/Хале откако дрон со пакет што содржел детонатор беше пронајден во близина на пистата, привремено прекинувајќи ги летовите и пренасочувајќи неколку авиони.

Според германскиот весник „Билд“, дронот е откриен кратко пред полноќ во непосредна близина на украинскиот товарен авион „Антонов“.

Непозната супстанца со детонатор била прикачена на него, поради што истражителите го окарактеризирале предметот како можна импровизирана експлозивна направа, пренесува Танјуг.

На местото на настанот беа испратени експерти за експлозивни направи од федералната полиција и робот за деактивирање бомби.

Поради инцидентот, воздушниот сообраќај беше привремено прекинат, а некои летови беа пренасочени, објави „Шпигел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австрија руши температурни рекорди: Најтоплата ноќ и ден во историјата на мерењата

Патничкиот авион од Палма де Мајорка слета во Нирнберг пред подоцна да продолжи кон Лајпциг.

Јужната писта остана затворена до утрото поради истрагата, додека северниот дел од аеродромот беше повторно отворен за сообраќај.

Според извор запознаен со истрагата, кој разговарал со Ројтерс, товарниот авион на ДХЛ се судрил во воздух со непознат предмет кратко по полетувањето од Лајпциг, по што извршил итно слетување во Хановер како мерка на претпазливост.

Подоцна на авионот биле забележани мали оштетувања на предниот дел.

Полицијата истражува дали пронаоѓањето на дронот и падот на товарниот авион се поврзани.

Случајот е окарактеризиран како инцидент од важност за националната безбедност. Службениците истакнуваат дека нема непосредна опасност за граѓаните и истрагата продолжува. Аеродромот не е затворен и воздушниот сообраќај се одвива нормално.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради рекордно нискиот водостој, товарниот сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно прекинат