DRӒXLMAIER Куманово со успешна акција за пошумување

Сподели со своите пријатели

Вработените на DRӒXLMAIER локацијата Куманово успешно засадија околу 1200 садници од видот бел бор во месноста Костоперска карпа кај Младо Нагоричане во близина на Куманово.

Loading...

Акцијата беше спроведена во соработка со јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово, а садниците беа обезбедени од страна на DRӒXLMAIER.

Волонтерски акции за пошумување во континуитет

Одржливото живеење, што меѓу другото подразбира и заштита на животната средина, започнува со свесното однесување на секој поединец, но и на секоја организација.

DRӒXLMAIER заедно со своите вработeни континуирано спроведува волонтерски акции за пошумување во регионите кадешто делува, а целта е подигнување на свеста за заштитата на природата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бесплатен превоз и билет за натпреварот Црвена Звезда – Зенит

DRӒXLMAIER Куманово пример и поттик за одговорно однесување

„Грижата за околината каде живееме и работиме треба да биде наш приоритет. Годинава за прв пат имаме можност да засадуваме во близина на Куманово и драго ни е што заедно со нашите вработени, преку волонтерски пристап и голема мотивираност, покажавме дека можеме да направиме разлика. Сакаме да бидеме добар пример, но и поттик за заедничко одговорно однесување кон природата“, изјавија од менаџментот на DRӒXLMAIER Куманово.

 

 

Loading...

Локалниот тим од шумарски инженери од јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово го обезбеди потребниот алат, но и стручна поддршка за време на акцијата.

„Се радуваме што DRӒXLMAIER Куманово покажа иницијатива за заеднички да ја спроведеме оваа акција за пошумување и сигурен сум дека и во иднина успешно ќе соработуваме“, рече Луан Бајрами, стручно лице од јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Лара Ташковска во Куманово

Вработените со свој придонес за заштита на животната средина

За вработените во DRӒXLMAIER Куманово оваа акција за пошумување беше можност да покажат дека тимската работа носи успех во работењето на секое поле, но и можност за меѓусебна дружба.

„Среќен сум што заедно со моите колеги денеска учествуваме во волонтерска акција за пошумување и што дадовме заеднички придонес за заштита на животната средина“, рече Влатко Стојановски, вработен во DRӒXLMAIER Куманово.

DRӒXLMAIER Македонија заедно со своите вработени реализираше акции за пошумување и во останатите региони кадешто делува компанијата.

Со оваа акција за пошумување во Куманово, вработените засадија над 10.000 садници на повеќе различни локации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Куманово е поволна, вели Бојмацалиев (ФОТО)