ДПИ најавува ригорозни контроли во угостителски објекти и туристички агенции

Сподели со своите пријатели
Во рамките на делокругот на активностите на Државниот пазарен инспекторат, во наредниот временски период ќе се интензивираат контролите на правни и физички лица кои вршат угостителска и туристичка дејност согласно Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност, соопшти ДПИ на официјалната веб страна.
Како што се наведува во писменото соопштение, без разлика на видот на угостителскскиот објект, посебен акцент во контролата ќе биде ставен на придржување на пропишаното работното време  во ноќни барови, кабареа , дискоклубови и дискоклубови на отворен простор, контрола на лиценците, како и контрола на одобренијата за вршење дејност надвор пред деловниот објект.
Поради висината на глобите и можните несакани последици во делот на управната постапка, односно затварање на угостителските објекти, ДПИ ги замолува вршителите на угостителска дејност да се придржуваат кон законските обврски од Законот за вршење на угостителска дејност.
Доколку граѓаните воочат било какви неправилности истите можат да ги пријават во Државниот пазарен инспекторат по електронски пат или во писмена форма.
Предмет на надзорот ќе биде зајакната и кај туристичките агенции, т.е надзор за поседување на лиценци за вршење на туристичка дејност, придржување на правата и обврските кај агенциите, придржување на елементи на договорите, издавање на туристички ваучери,  должност на имање на  туристички придружник   при организирање на туристичка група.
Доколку корисниците на туристичките пакети не се задоволни од користената услуга  можат своите права да ги побараат  во писмена форма или во електронска форма до Државниот пазарен инспекторат.

Leave a Reply