ДПА: Тодоров со одлука за регионални центри, ги испраќа кумановци на лекување во Штип (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство, Никола Тодоров, минатата недела на прес – конференција го претстави новиот план, според кој болниците во Тетово, Битола и Штип, ќе станат регионални центри каде што ќе бидат насочени поголем дел од пациентите кои живеат надвор од Скопје, реагира Движењето за реформи во ДПА.

Loading...

Ова е одраз на слабото и непланираното менаџирање на секундарното здравство во Македонија. Девет години и требаше на оваа менаџерска екипа за да разбере дека секундарната медицина е целосно атрофирана и неискористена, така отежнувајќи ја работата на Универзитетските Клиники во Скопје со третирање на банални случаи. На овие проблеми реагираа лекарите, но никој не сакаше да им обрне внимание, вели д-р Беким Татеши, офталмолог и претседател на комисијата за здравство во ДПА.

– Според овој проект, пациентите од Куманово и кумановско ќе треба да бидат третирани во Клиничката болница во Штип. Штом тука не може да се најде логика, тогаш тоа не` асоцира на етничко – територијална дискриминација од страна на Министерството за Здравство и нејзините водачи. Нажалост ние така го разбираме овој предлог на министерството дека за регионот на Куманово, референтен центар да и биде Клиничката Болница во Штип, а во ниеден момент не се сомневаме на квалитетот на здраствените услуги кои ги нуди КлиничкатаБолница воШтип.

Движењето за реформи во ДПА, бара од министерот за здравство и од албанските политички фактори во здраството, итно да се ревидира овој проект и болницата во Куманово да прерасне во  регионална болница за североисточниот дел на Македонија, која постојано во изминативе 15 години и претходно ја играше оваа улога со давање на медицински услуги од секундарно ниво во општините Куманово, Липково, Нагоричане, Кратово и Крива Паланка.

 – Почитувани граѓани, сведоци сме на убедувањата од страна на нашите владини претставници дека официјализирањето на албанскиот јазик е најголемиот успех за време на десетгодишното  владеење. Денес ние ќе ве увериме дека албанскиот јазик не се почитува, не се користи во највисоката здравствена установа, т.е вп Универзитетскиот клинички комплекс “Мајка Тереза” во Скопје. На главниот влез, натписот е напишан на македонски и англиски јазик, а не на мајчиниот јазик на Мајка Тереза од Скопје. Апелираме и бараме во што пократок рок, натписот да биде и на јазикот на заедниците кои се повеќе од 20% од населението, во спротивно казните според законот се високи.