Дотраената куќа на улица Ленинова се сруши пред преполн автобус (фото)

Сподели со своите пријатели

Пред дваесетина минути, во момент кога преполн автобус поминувал на улицата Ленинова, старата куќа која веќе некое време стои оградена поради закана од рушење, се сруши на чекор од преполн автобус, јавуваат патниците кои во тоа време биле на местото на настанот.

Loading...

Нема повредени лица, но според очевидците, самата глетка предизвикала стрес кај патниците.

Старата куќа во која нема станари започна да се троши по поројните дождови пред две недели и се закануваше да се сруши поради нарушена статика.

Секторот за урбанизам при Општина Куманово наложи куќата да биде срушена, и на исто место да се изгради нова, со оглед дека деталниот урбанистички план дозволува изградба на нова куќа,

11164716_1078379618857220_6566472333428622172_o

Дождот што предмалку го зафати Куманово можеби бил пресуден, дотраената куќа на ул. Ленинова да се сруши во потполност.

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.