Дојава за бомби во четири скопски училишта

Сподели со своите пријатели

Закана за поставена експлозивна направа утринава е испратена во четири скопски средни училишта.

Loading...

– Денеска (09.11.2022) во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Oколу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Македонија до 9 часот?

Никола Ивановски