Филип Додевски, претставник на Женскиот ракометен клуб Куманово ќе се бори за место во управниот одбор на WOMEN FORUM CLUB HANDBALL.
Додевски ќе биде единствен кандидат од Македонија, а заедно со него за место во управниот одбор ќе се бори и Стефан Алберехтсон, претставник на Савехоф од Шведска.
Изборот ќе се случи на 17-тото Генерално собрание на WOMEN FORUM CLUB HANDBALL.
Ќе се спроведат избори на една земја-членка на Одборот рангирана од десеттото до осумнаесетото место на клубската ранкинг листа на ЕХФ (Шведска, Словенија, Чешка, Полска, Туркие, Македонија, Шпанија, Белорусија и Србија).
Активните членови на форумот имаат различен број на гласачки права според нивниот спортски успех и тоа (имајќи го предвид подобриот резултат од тековната и претходната сезона):
3 гласа: ЕХФ клубови од Лигата на шампионите сезона 21/22 или 22/23
2 гласа: ЕХФ Европска лига Групна фаза клубови сезона 21/22 или 22/23
1 глас: Сите клубови кои учествуваа во квалификациите за ЕХФ купот сезона 21/22 или 22/23
1 глас: Сите национални шампиони од 2022 година
Изборите ќе се спроведат за време на 17-то Генерално собрание на 19 ноември 2022 година од 9:30 до 14:00 часот во хотелот Интерконтинентал во Љублана, Словенија.