Доделени наградите за најдобрите спортисти во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово вчеравечер Општинскиот сојуз на спортови ги додели наградите „Спортист на годината“ за најдобрите во 2024 година.

Loading...

 

 

За апсолутно најдобар спортист беше прогласен Драган Петровиќ од Футсал клубот Форца.

 

 

Loading...

Наградата му беше доделена поради најголем допринос за успехот на клубот кој е Шампион на Македонија во Прва футсал лига, Освојувач на КУП на Македонија и учесник во Лига на Шампиони каде влезе во 1/8 финале.

Наградата за најдобар спортски клуб замина токму вво рацете на Футсал клубот Форца.

 

 

– Иако е поединечна награда, јас се наптреварувам во колективен спорт, ова е заслуга на целата екипа, од прв до последен. Јас ја имав честа да ја добијам оваа награда со моите заслуги. Како двојни шампиони на Македонија секако дека е добар успех за нас како кумановци, рече Петровиќ кој истакна дека и оваа година постојат огромни шанси успехот на Форца да се повтори.

Наградата за животно дело му беше врачена на Миодраг Јовановски Црни  кој со раометот започнува да се занимава на свои 13 години, во 1966 година.

 

Loading...

 

Завршил Виша фискултурна школа и поседува највисоки тренерски лиценци. Настапувал за Ракометен клуб Металец, а до 1983 година за РК Куманово каде има одиграно над 200 натпревари и има постигнато преку 800 голови.

Потоа кариерата ја продолжва како тренер во кумановските ракометни клубови, по што во 1990 година е избран за најдобар тренер. Во 2016 г. основа ракометна школа Карпош со која во 2018 г. освојува 2-ро место, а во 2019г. 1-во место во Вардар јуниор лига.

– Шеесет и нешто години активност во спортот во Куманово, а не ги сметам оние неколку во Соколана, каде сите спортови се одвиваа. Презадоволен сум од наградата и мора да нагласам дека ова е подарок за мојата сопруга, знае и самата зошто. За мене спортот и ракометот беа број еден, па сопругата, но сега се внукот, сопругата и семејството, рече Црни.

Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово, Филип Колевски, истакна дека изминатата година беше многу успешна, па немаше двоумење за тоа кој треба да биде награден.

– Футсал клубот Форца имаше огромен успех, станаа победник и во Куп и во Првенство, а Петровиќ е долгогодишен репрезентативец на Македонија и сосема заслужено, целиот спортски живот и кариера ја водеше во оваа успешна насока и двојната круна му беше врв во кариерата. Наградата за животно дело му се дава на човекот кој се уште работи, Миодраг Јовановски Црни, со ракометот, го помина целиот живот. Мое мислење е дека не треба да се чека човекот премногу да остари за да му се даде таква награда, туку да го мотивира уште да работи, изјави Колевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Утринските температури сѐ уште во минус

Награда за најсупешен спортист во 2024 година им беше врачена и на:

Лука Димитриевски – МКК Куманово, стандарден член на прва петорка, член на репрезентација до 20 години, учесник на Европско првенство во Полска.

Loading...

 

 

Јасмина Јовановска – Женски фудбалски клуб Речица – одбранбен играч во екипата, стандарден член на женска фудбалска репрезентација на Македонија.

 

Loading...

 

Филип Наковски – Боксерски клуб Фајтер Илери – Освоено 2 место на Државно првенство.

 

 

Loading...

Дијана Вукановиќ – Атлетски клуб Куманово –  на Државно првенство има освоено: 1 место трискок , 1 место трка на 100м со пречки,2 место трка на 100м, Куп-2 место трка на 100м, 1 место 100м со пречки

 

 

Влатко Тасевски – Машки ракометен клуб Куманово стандарден првотимец во клуб

Loading...

 

 

Александар Милошевски – Велосипедски клуб, ВЕЛО-М – Прво место ВелоКрос, ХСО, Второ место Државно Друмско , Хронометар и Трофеј Кавадарци , трето место Ранг листа Друмски и ВелоКрос. Настапува за репрезентација на РСМ.

 

Loading...

 

Сара Цветановска – ЖРК Куманово- голем придонес за успех на екипата на натпревари

Вилијамс Маневски – Боксерски клуб Фајтер Илери – Освоено 2 место на Државно првенство

 

Loading...

 

Теа Алексовска – Атлетски клуб Куманово – на Државно првенство има освоено: 1 место кладиво, 1 место диск, Куп-2 место диск, 1 место кладиво, како учесник на Репрезентација на Европско првенство во Полска 2023 г. -10 место.

 

Најдобри тренери:

Емил  Цветанов (младинска категорија) – Тренер на младинска категориија во Велосипедски клуб Кросс Сајклинг ТИМ , кој во категорија У18 е Државен првак во ВелоКрос и Планински велосипедизам и Вицешампион во Друмски велосипедизам. Со категорија  У16 е Државен шампион во Планински велосипедизам, има освоено повеќе први места во Грција и Србија, Селектор е на велосипедска репрезентација на РСМакедонија.

Газменд Хисејини (сениорска категорија)  – Тренер на сениорската екипа на Футсал клуб ФОРЦА 2015 кој даде најголем допринос за успехот на клубот кој е Шампион на Македонија во Прва футсал лига, Освојувач на КУП на Македонија и учесник во Лига на Шампиони каде избори пласман во 1/8 финале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од лакови за нокти до гуми за камиони. Што сѐ запленија цариниците на Табановце? (ФОТО)

Најдобри млади спортисти

Данило Методиевски – Кик бокс клуб Предатор има освоено 2 два сребрени  и 2 бронзени медали на меѓународни кик бокс турнири

Михаил Стошевски – Атлетски клуб Куманово на Државни првенства има освоено 1 место во трискок, 2 место во скок во височина и на куп натпревари има освоено 1 место во трискок и трка на 110м со пречки, 2 место скок во височина

Емили Митковска  – Женски фудбалски клуб Речица најдобар нападач во екипата и во младинска репрезентација

Кирил Петковски – Кошаркарски клуб МКК Куманово, Капитен, најдобар поентер и член на репрезентација до 20г

Андреј Васевски – Пинг понг клуб  КУМАНОВО  Второ место – двојки У19, трето место мешани двојки У19, две први места на турнири во РСМ.

Леона Стојковска  – Танцов спортски клуб ДИНАМИК  е 154 место на листа на светска танцова федерација

Кирил Анчевски – Велосипедски клуб Кросс Сајклинг ТИМ државен првак во велокрос и планински велосипедизам, а настаспува и за репрезентација на РСМ

Марио Пешевски – Атлетски клуб Куманово на Државно првенство има освоено: 1 место трка на 110м со пречки,1 место фрлање диск и 2 место кладиво,

Марија Јовановска  – Женски ракометен клуб КУМАНОВО стандарден првотимец во младинска репрезентација на РСМ

Тино Стојановски – Машки ракометен клуб КУМАНОВО Капитен на екипата, најдобар играч и стрелец

Марко Ристов – Атлетски клуб КУМАНОВО На Балканско првенство за Млади Младинци во Марибор има освоено 7 место на трка на 200м и 10 место на трка на 100м.

Loading...

Успешни спортисти од најмлади категории

Ева Милановска  – Кик бокс клуб ПРЕДАТОР која има освоено сребрен медал на Државно првенство и на Кик бокс КУП во Белград

Алексеј Стојановски -ТУМБА ТЕНИС КЛУБ  кој на државни првенства освојува втори и трети места, а успешен е и на Европски турнири

Јаков Кузмановски – Пинг понг клуб КУМАНОВО трето место во двојки на Државно поединечно првенство У21

Оља Цветанова – Велосипедски клуб Кросс Сајклинг ТИМ Државен првак Планински и Хронометар, на КУП е прва во планински велосипедизам, и во Игуменица, и Солун

Филип Оцепек – Кошаркарски клуб МКК КУМАНОВО член на репрезентација до 14 години, учесник на повеќе меѓународни турнири.

Христина Бојковска – Кик бокс клуб ПРЕДАТОР освојувач на златен медал на Државно првенство во кик бокс

Ведран Николовски – Атлетски клуб КУМАНОВО првак на трка на 100 м со пречки, 2 место во скок во височина

Loading...

Лазар Маневски – Фудбалски клуб КУМАНОВО-ЕУРОСПОРТ Најдобар играч на меѓународни турнири, најмногу голови во детска лига

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, осомничени дека претепале сограѓанин

Владимир Мицевски – Машки ракометен клуб КУМАНОВО кој со својата екипа обезбедија пласман во ¼ финале,

Лана Спасовска –  Женски фудбалски клуб РЕЧИЦА најдобар нападач во екипата и стандарден репрезентативец

Сергеј Цветковски – Фудбалски клуб КУМАНОВО-ЕУРОСПОРТ Најдобар голман во детска лига за 2012 генерација, и на меѓународни турнири

Милан Лазаревски – Кик бокс клуб ПРЕДАТОР златен медал на Државно кик бокс првенство

Димитар Мишевски – Фудбалски клуб КУМАНОВО 2012 најдобар стрелец во Регионална лига

Ана Михајловска – Женски ракометен клуб КУМАНОВО има голем придонес за успех на екипата

Loading...

Јаков Јакимовски – Пинг понг клуб КУМАНОВО  трето место во двојки на Државно поединечно првенство У 21.

Најдобри во училишниот спорт

– од основни училишта

Јана Анастасовска – од ООУ Кочо Рацин на Државно училишно атлетско првенство освои 1 место во дициплина скок во височина и 3 место во штафета 4х100 м

Андреј Ангеловски –  од ООУ Кочо Рацин на Државно училишно атлетско првенство освои 1 место во дисциплина фрлање ѓуле

-од средни училишта

Лина Аневска – атлетичарка, од СОУ  Гимназија Гоце Делчев е двоен медалист на Гимназијада

Марио Бошковски – ракометар од СОУ Гимназија Гоце Делчев кои освоија 1 место во ракомет на Гимназијада.

– Најдобри тренери и најдобро основно и средно училиште

Елена Ѓ. Вукановиќ – професор од ДСУ Киро Бурназ

Зоран Ивановски –   професор од СОУ Гимназија Гоце Делчев

ООУ „Христијан Карпош“ – Најуспешно училиште во Училишен спорт за основни училишта

Loading...

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Најуспешно училиште во Училишен спорт за средни училишта

Најдобар спортист – пензионер

Жикица Божиновски –  планинар од Планинарски клуб Козјак 2013 е долгогодишен планинар кој се има искачено по неколку пати на врвовите во Македонија и на Балканот, планинар кој своето искуство несебично го пренесува на младите генерации.

Најдобар спортист со инвалидитет

Небојша Ташиќ – пингпонгар член на Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово репрезентативец на Македонија во пинг понг 1 и 2 место на државни првенства на РСМ , учество на Меѓ. Турнир во Подгорица.

Меѓународен успешен спортист 

Јована Кирпијановска е поранешен член на ЖРК КУМАНОВО – која со своите соиграчки два пати го освоија КУП-от на РСМ и еднаш првенство. Таа е стандардна репрезентативка на РСМ која учествуваше на Европско првенство во Унгарија каде беше првотимец и даде огромен придонес. Јована од 2022 г. настапува во Франција за Sabre-Avesnois Handball кој се натпреварува во Прва лига.

Никола Ивановски