Патник кој летал во бизнис класата во авионот на „Јунајтед ерлајнс“ снимен е како си ја бричи главата за време на летот.
Loading...
Неговиот чин ги згрозил останатите патници, додека некои го снимале и објавиле на социјалните мрежи.
Снимката шокирала многумина, кои непознатиот човек го обвиниле дека е непристоен.
Иако тој веќе нема коса, тоа не го спречило со машинката да минува напред-назад, цело време седејќи во бизнис класата.
На снимката се гледа и како покрај него минува персоналот, но никој не собрал храброст да му каже да престане.
Фото: Printskrin: Instagram/passengershaming