Добила сексуално пренослива болест: Сега чека 4,7 милиони долари отштета

Сподели со своите пријатели

Жената добила огромна исплата од 4,7 милиони долари од компанија за осигурување на автомобили, откако се заразила со сексуално пренослива болест додека имала сексуален однос на задниот дел од автомобилот „Хјундаи“ на нејзиниот партнер.

Loading...

М.О. пред судот поднела документи дека се заразила со хуман папилома вирус од партнерот во неговиот осигурен автомобил. Таа уште во февруари минатата година изјави дека планира да бара отштета од осигурителната компанија.

Судските документи покажуваат дека мажот, покрај ракот на грлото, знаел дека има ХПВ, но сепак продолжил да има врски со М.О., без претходно да ја извести за ризиците што вирусот ги носи со себе.

 

 

Окружниот суд Џексон пресудил дека мажот е одговорен, а жената добила отштета од 4,7 милиони долари, кои мора да ги плати неговата осигурителна компанија, пишува Мирор.

На оваа пресуда осигурителната компанија поднесе жалба, па целиот случај го врати пред Апелациониот суд барајќи укинување на пресудата.

Loading...

Но, совет од тројца судии го разгледа случајот и заклучи дека одлуката на окружниот суд е валидна и дека осигурителната компанија мора да плати милионска отштета.

– Откако М.О. заразена со хуман папилома вирус, до Осигурителната компанија доставила понуда за порамнување, тврдејќи дека осигуреникот ја заразил од невнимание при сексуален однос во неговиот автомобил. Утврдено е и дека неговата осигурителна полиса ја покрива и нејзината болест. Судот утврди дека сопственикот на полисата од невнимание ја заразил со ХПВ М.О.- соопштија од Апелациониот суд.

Поуката што треба да се научи од овој случај е дека луѓето треба да го прошират опсегот на она што се смета за повреда. Повеќето луѓе не би помислиле дека инфекцијата со оваа болест е повреда претрпена во возило, иако дефинитивно е.