Добил нула на завршниот тест по математика поради погрешно пенкало

Сподели со своите пријатели

Резултатите од завршниот испит по математика кој го правел Артем Јаровој во гимназијата во рускиот град Астрахан стручната комисија не го признала. Причината е во тоа то тој тест не можел да мине на скенирањето поради пенкалото кое било користено. Поради пенкалото ученикот добил нула.

Loading...

Директорката на училиштето Нина Меланина рекла дека ученикот имал црно пенкало (гел пен).

– Насловната страна е скенирана, а од некоја причина неговиот труд не го минал скенирањето, рекла таа, додавајќи дека пенталото било нормално и дека скенерот работел.

Таа навела дека се понудени две опции за решавање на ситуацијата. Првин, ученикот може повторно да го полага испитот, ако сака, или трудот може да се прегледа рачно.

Како што рекол Артем за руските медиуми, кога првин ги видел резултатите мислел дека е во прашање некоја шега. Артем сега ќе мора да донесе одлука дали сака повторно да го полага тестот.

Leave a Reply