Врмето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната дневна температура ќе се движи во интеревал од 24 до 32 степени.
Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со максималната дневна температура од 28 степени.
Според синоптичарите на УХМР, до среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури.
Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се поинтензивни и локално со појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок.