Украинските безбедносни сили се блокирани во Северодонецк и имаат две опции – или да го следат примерот на своите колеги и да се предадат или да загинат, изјави денеска заменик-шефот на Одделот за народната милиција на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), Едуард Басирун.
Според него, во неделата војниците на вооружените сили на Украина го кренале во воздух последниот мост што го поврзувал Северодонецк со Лисичанск и сега не можат да го напуштат градот, пренесе агенцијата РИА Новости.
„Оние украински воени единици што се таму, останаа таму засекогаш. Тие имаат две опции: или да го следат примерот на своите колеги и да се предадат, или да умрат. Тие немаат трета опција“, рече Басурин.
РИА додава дека борбите продолжуваат на територијата на фабриката „Азот“, каде што „блокираните националисти држат неколку стотици цивили“.
Руската агенција наведува дека е ослободена речиси целата територија на самопрогласената Луганска народна република (ЛНР), а Лисичанск е последниот голем град кој се уште е под контрола на властите во Киев.