Д’лга – кумановско „село на духови“

Сподели со своите пријатели

Д’лга е единственото целосно ненаселено село на територијата на Општина Куманово, иако човечка активност таму имало дури пред 12.000 години.

Loading...

Каде се наоѓа селото Д’лга?

Селото Д’лга се наоѓа во најјужниот дел на кумановскиот крај, недалеку од областа Скопска Блатија.

Лежи во западното подножје на Градиштанска Планина, на надморска височина од 385 м.

Селото зафаќа површина од 6,4 км2.

 

Село Д'лга
Google Maps

 

Историја на селото

Иако денеска празно, селото било населено дури во неолитот, односно појавата на првите човечки праисториски заедници.

За ова се најдени и археолошки докази во наоѓалиштето Огражди на источниот крај од селото.

Loading...

Во втората половина на 20 век речиси сите жители на селото биле Турци и ова не се променило до неговото целосно иселување во 1990-тите.

Во повоениот период забележан е помал број на Роми. Тогаш населението доживеало извесен раст, а потоа се намалило.

Кога Д’лга станало „село на духови“?

До позначајно намалување дошло во 1970-тите, кога населението спаднало од 322 жители во 1971 на 199 жители во 1981 година.

Најнаглиот пад следел во наредните години, со што во 1991 година Д’лга се свела на само 8 жители.

Во следните неколку години тие се намалиле на двајца жители, а потоа селото е целосно напуштено.