Дивите депонии во Североисточен регион ќе бидат затворени (видео)

Сподели со своите пријатели

Во присуство на градоначалници и министерот за животна средина и просторно планирање, денес во Куманово беше презентирана втората фаза од проектот за затворање на дивите депонии во општините од Североисточниот регион.

Loading...

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, денес ја истакна големата важност за имплементацијата на овој проект финансиран преку ИПА програмата, како исклучително важно прашање за регионот, изработен во согласност со проектот и националниот план за управување со цврст отпад.

– Денешната посета на министерот за екологија ќе ја искористам и да се пожалам на фактот што Куманово, и ова лето, во време на Рамазанските пости, повторно се соочува со недостиг на вода, изјави Дамјановски.

 

[huge_it_gallery id=”101″]

 

Нурхан Изаири, министер за животна средина, најави дека денешната средба со градоначалниците од Североисточиниот регион, ќе биде разгледана стратегијата за затворање на дивите депонии, а подоцна и пристапување кон имплементација на проектот.

Loading...

На средбата денес присуствуваше и директорот на ЈП Водовод, Горан Стојковски, при што ја образложи моменталната ситуација со недостиг на вода во високите градски зони, велејќи дека сопирањето на бај – пас системот е чекор што се случува во истовреме како и минатата година, т.е за време на Рамазанските пости, што претставува намерен чин, вели Стојковски.

– Се извинувам на сите граѓани на Куманово за целата ситуација со недостиг на вода, и потенцирам дека сум спремен на целосен увид и контрола на работата на ЈП Водовод, при што истата контрола да се спроведе и во ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле”, вели директорот Стојковски.

Проектот за управување со цврст отпад и затворање на дивите депонии ќе го реши и долгогодишниот проблем на дивата депонија во с. Конопница, кривопаланечко, изјави денес градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Министерот Изаири  пред градоначалниците објасни дека општините првин треба да донесат одлуки и да потпишат договори за да може постепено да се затворат постоечките нелегални депонии и во функција да се остават неколку депонии, се до моментот на изградба на нови регионални центри.

На ниво на североисточниот регион кој ги вклучува општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане засега функционираат пет депонии, со тоа што Старо Нагоричане нема своја депонија, и сметот се одложува во Куманово.

Во моментот во Североисточниот регион постојат 32 ѓубришта.

Loading...