Дисциплински казни за полицајци на Белановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, МВР донесе вкупно 30 решенија против 30 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

Loading...

Притоа, на 23 вработени изречена им е мерка  – „парична казна”, на четворица вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“, на еден вработен мерка – „распоредување едно ниво пониско“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“.

Во неделните спроведени дисциплински постапки, МВР санкционираше тројца полицајци во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, со „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец.

Причина за санкционирањето е затоа што полцијаците не го оддржувале чисто и подмачкано своето оружје.

Leave a Reply