Директорот им дал бонус за одмор, петмина работници дале отказ

Сподели со своите пријатели

Марк Даглас, директор за маркетинг во комапнијата „СтилХаус“ истакнува дека им дава пари на врботените за да можат да заминат на одмор, пренесува Бизнис инсајдер. Вели дека неговите работници поради овој чекор се попродуктивни од било кога.

Loading...

Компанијата ја основал во 2010 година, а од 2011 година дава пари на вработените за да одат на одмор.

Оваа компанија нуди околу 1.777 евра, односно 2.000 долари годишно на своите работници, за да можат да отпатуваат во било која земја од светот.

Парите можат да ги потрошат на повеќе патувања или на некое малку поскапо, но тоа Марк им препушта самите да го одлучат.

– Ако имате лав во кафез кој е роден во заробеништво, тогаш кога ќе го отворите кафезот и ќе го пуштите, тој ќе се вратив о него. Тие не почнуваат да трчаат слободно. Кога прв пат започнавме да зборуваме на нашите луѓе дека имаат неограничен годишен одмор, не знаеа како тоа да го протолкуваат. Нашата култура е едноставна. Базирана е на доверба и амбиции, рекол тој за Бизнис Инсајдер.

Довербата мора да биде обострана. Вработенит екои купуваат авионски билети во понеделник добиваат надокната до вторник. Ако не можат да користат кеш, тогаш компанијата им ја дава својата картичка да го резервираат летот.

Кога ќе се вратат од своите патувања, можат да ги пријават трошоците и да добијат надокнада до 2.000 долари.

Некои вработени рекле дека одморот и е непотребен, но барале бонус од 2.000 долари. Даглас бил непоколеблив кога е во прашање начинот на трошењето на овие пари.

Loading...

– Јас сакам всушност да одите некаде и да уживате, рекол тој.

Поради ваквата пракса во последните три години, само пет лица од вкупно 250 ја напуштиле компанијата.

Марк вели дека неговите вработени се посреќни и дека затоа се попродуктивни на работа.

Извор: businessinsider.com / фото: Пиксабеј

Leave a Reply