Директор на ФЗЦ и непознато лице се обвинети за кражба

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(63) од с.Копинце, директор во ФЗЦ „11-ти Октомври“ поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ и против непознат сторител, вработен во ФЗЦ „11-ти Октомври“ поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. М.С. во периодот од 2009 до август 2015 година не организирал вршење на попис на задолжени и доверени алати и машинска опрема.

Loading...

На тој начин овозможил секој влез на донесени електро делови и излез на истите да се врши без налог, со што овозможил непознатото лице во повеќе наврати да врши кражби на електро делови кои не се книговодствено евидентирани на штета на ФЗЦ „11-ти Октомври“.