Димитриевски со српскиот министер за одбрана во посета на ООУ „Карпош“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во рамки на одбележувањето на Денот на Свети Сава, националниот празник на Србите кои живеат во Македонија, денеска во ООУ „Карпош“ – с.Умин Дол, беше домаќин на високи државни претставници од Република Србија, Потпретседателот на Влада и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ со неговата делегација и амбасадор на Република Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ.

Loading...

 

 

Учениците заедно со своите наставници приредија пригодна културно – уметничка програма во духот на православниот просветител и закрилник на српскиот народ, Св.Сава, пред гостите од соседна Србија.

 

 

Loading...

На задоволство на учениците и нивните наставници гостите присуствуваа на наставен час, каде низ дружење и разговор се запознаа со начинот на изведување на наставата на српски јазик и условите во училиштето кое што беше целосно реконструирано.