Димитриевски: Постојат снимки за тоа како течеше процедурата за преименување на плоштадот (видео)

Сподели со своите пријатели

Обвинувањата се чиста инсинуација на ВМРО ДПМНЕ, партија која веќе единаесет години манипулира со нашиот народ, а лагата ја претвора во вистина. Советниците од оваа партија за жал немаат основно познавање на прописите и ја замајуваат јавноста со лажен патриотизам со јасна цел, т.е оддалечување од реалноста, од изолацијата и енормното контиунирано и секојдневно задолжување на Македонија, вели Максим Димитриевски, претседател на Совет на Општина Куманово.

Loading...

Тој категорично ги демантира вчерашните наводи на советниците и општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, кои доаѓаат по седницата на Советот, на која не беше усвоена точката на дневен ред, посветена на промена на името на кумановскиот плоштад од “Нова Југославија” во ”Македонија”, како што предложи советничката група од ВМРО ДПМНЕ.

  • „ВМРО ДПМНЕ отвора Пандорина кутија во Куманово, удира бескрупулозно по чувствата на граѓаните на Куманово. Сите ние ја сакаме Македонија, а самиот факт како тие управуваат со државата, скриени под плаштот на лажниот патриотизам покажува, колку се тие квази патриоти. Македонија ни е во срцето на сите нам, но треба да се знае дека нашата историја не смее да биде менувана. Ние сме Македонци и сите наши заложби се оваа држава да ја зачуваме, да ја изградиме во држава, татковина на достоинствени и среќни граѓани.

Промената на името на плоштадот, не значи и квалитативна промена на животот на граѓаните, кои се секојдневно соочени со проблемите наметнати од погубните политики на оваа влада, вели Димитриевски.

  • Промената на името на плоштадот, значи само одвлекување на вниманието и остварување на своите пориви за бришење на историското минато, периодот кога ние Македонците живеевме во една друга држава, т.е. СФР Југославија, а тој период како дел од нашата историја е забележан во нашиот град и преку името на плоштадот“, дециден е Димитриевски, советувајќи им на советниците и ВМРО ДПМНЕ својата енергија да ја насочат кон реални квалитативни промени и активности.

Како поткрепа на тврдењата, Димитриевски вели дека на официјалната веб страна на Општина Куманово постои веб снимка од одржаната седница каде што може да се провери како течела процедурата за одбивање на мнозинството да расправа по таа точка согласно Деловникот за работа на советот.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ на вчерашниот прес обвини и дека покрај собраните 7000 потписи, Димитриевски одбил да ја стави предлог – иницијатива на дневен ред на редовната 43 -та седница.