Димитриевски: Посакувам денеска да победи демократијата и пред се Македонија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Да победи демократијата и да победи Македонија, ова го порача денеска кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Тој во придружба на сопругата Надица, денеска околу пладне го оствари своето гласачко право во ООУ „11 Октомври“ во Куманово.

– Народот да се одважи, да излезе, да излезе што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја почитувам нардоната волја на сите граѓани на Макеоднија. Нека денешниот ден биде празник на демократијата во Македонија и на Балканот, порача Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илина од Куманово ќе ја претставува Македонија на Европска математичка олимпијада

 

Loading...

 

Како што рече, според информациите со кои располагал во тој момент, освен одредени технички проблеми, гласањето се одвивало непречено.

– Со оглед дека водевме нерамномерна кампања, особено во делот на медиумскоското спонзорирање  каде што најголем дел од средствата ги имаа самонаречените големи партии, мислам дека граѓаните тоа го препознаваат и на крајот ќе излезе ставот којшто тие ќе го кажат. Очекувам така да продолжи и во текот на денот, но кога ќе се пребројат гласовите тогаш ќе биде се јасно, рече тој.

 

Никола Ивановски